Патиштата влажни, магла на Плетвар и на патот кон Попова Шапка, да се вози внимателно

Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Попова Шапка и во Маврово.

Поради појава на магла видливоста на патниот правец Тетово – Попова Шапка и на планинскиот превој Плетвар е намалена до 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот