Патики од 100 евра кои секоја втора девојка ги има, а мажите ги мразат! (ГАЛЕРИЈА)

Фотографија: Instagram

Веќе неколку години наназад, еден модел на патики доминира низ улиците на светските метрополи. Се работи за спортскиот модел Air Force 1, ги носат и мажи и жени, а полека добиваат и култен статус.

Првично тие биле дизајнирани како дел од кошаркарската опрема, но благодарение на тоа што славните дами ги „присвоија“ и започнаа да ги носат како клучен дел од уличниот стил, тие станаа омилени ширум светот.

Патиките ги има дизајнирано Брус Килгор и тоа дури во далечната 1982 година, а првиот модел бил многу сличен на оној денешниот, со тоа што бил во подлабока варијанта и препознатливиот знак бил сив.

View this post on Instagram

two is company

A post shared by Bella (@bellahadid) on

Денес Air Force патиките се достапни во различни бои, комбинација од бои, но убедливо најбарани и најпопуларни се во потполно бела боја.

Дамите кои ги следат трендовите ги носат во спортски изданија, но и со фустани, здолништа, кожни панталони, фармерки, џемпери… Тие станаа незаменлив дел од плакарот на жените кои преферираат урбан, градски стил, а славните дами просто ги обожаваа.

Многу се чести моментите кога во нив ги гледаме и Бела Хадид, Каја Гарбер, Мадисон Бир, Ирина Шајк, а во галеријата што следи погледнете ги комбинациите со овој модел кој има цена од околу 6.000 денари.

 

[foogallery id=”113196″]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот