Паста со печурки и бело вино готова за 15 минути

Идеален оброк доколку имате проблем со недостаток на време.

Современиот брз начин на живот бара од нас меѓу другото и за кратко време да успееме да подготвиме ручек, кој притоа ќе биде допадлив за семејството и за нас самите секако. Овој рецепт е токму тоа, готов за 15 минути, а се надеваме и дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

4-5 шампињони по човек
1 главица лук
5-6 лажици маслиново масло
60 грама путер (заменете го маслиновото масло доколку постите)
свеж сецкан магдонос
100 мл бело вино
сол, бибер
пармезан
многу вода во тенџерото + 2 лажички сол

Подготовка:

Во тенџере сипете 2-3 литри вода и ставете ја да врие. Кога ќе зоврие, сипете сол, а потоа додадете ја пастата.

Промешајте повремено и гответе според упатството на ќесичката, во просек 10 минути. Додека водата зоврива, почнете со подготовка на преливот така што маслото или путерот ќе ги ставите во тавче на рингла.

Исецкајте го лукот и веднаш ставете го во тавчето со маслото. Пржете го сè додека скоро не потемни, а потоа сипете ги шампињоните исто така исецкани.

Мешајте и пржете додека не испари сета течност, а потоа додадете половина од белото вино и повремено мешајте додека виното не испари.

Додадете ја другата половина од виното и свежо исецканиот магдонос, мешајте додека тестенините во тенџерето не бидат готови, а потоа тргнете ги од оганот и зачинете ги со сол и бибер. Исцедете ги и ставете ги во тавчето со сосот. Добро промешајте, па сервирајте во убава чинија.

Посипете го пармезанот и ливчињата од мадоносот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот