Пасивни трикови кои за момент ги смируваат темпераментните деца

Фото: Unsplash

Доколку вашето дете е темпераментно, овие совети би можеле да ви бидат од голема корист.

Според истражувачите, пасивните трикови, како што се нишањето на детето пред спиење, пеењето и читањето, позитивно влијаат на неговиот темперамент.
Од друга страна, активностите како пешачење, возење или играње со детето имаат негативно влијание, заклучил тим од меѓународни научници преку темелна анализа на 841 родител од 14 земји.

Фото: Unsplash

Сите родители кои биле вклучени во истражувањето имале деца на возраст меѓу 17 и 40 месеци. Родителите одговарале на прашања за темпераментот на нивните деца, како и за тоа кои техники ги користат кога ги заспиваат.

Фото: Unsplash

„Нашата студија покажува дека техниките на родителите за нивно заспивање се многу поврзани со темпераментот на детето во различни култури, што потенцијално влијае на неговиот развој. На пример, земјите со поголемо потпирање на пасивни стратегии имаат деца кои лесно се приспособиле на социјализацијата“ –  истакнува Кристи Фам од Државниот универзитет во Вашингтон кој е еден од авторите на студијата.

Фото: Unsplash

Резултатите од студијата се објавени во списанието „Frontiers in Psychology“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот