Пашинјан: Нема друг излез, освен со оружје в рака да се бориме за правата на ерменскиот народ

Фото: EPA-EFE/TIGRAN MEHRABYAN / ARMENIAN PRIME MINISTER PRESS SERVICE / PAN P MANDATORY CREDIT: TIGRAN MEHRABYAN / ARMENIAN PRIME MINISTER PRESS SERVICE / PAN PHOTO

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан се откажува од напорите за дипломатско решавање на конфликтот со Азербејџан околу спорниот регион Нагорно Карабах. Најжестоките борби меѓу двете земји траат, речиси, еден месец.

– За конфликтот околу Нагорно Карабах долго време ќе нема дипломатско решение, изјави тој во видео порака на Фејсбук, обвинувајќи дека Азербејџан не е неподготвен за компромис.

– Сите надежи за дипломатско решение треба да се сметаат за завршени. Ние секогаш велевме дека сме подготвени да го решиме прашањето врз основа на компромис. Но, тоа што е прифатливо за ерменската страна, сега е неприфатливо за азербејџанската страна, нагласи тој.

– Во сегашната ситуација нема друг излез освен со оружје в раце да се бориме за правата на ерменскиот народ. Денес треба да земеме оружје и да продолжиме да ја браниме татковината. Само на тој начин може да постигнеме дипломатско решение прифатливо за нас, бидејќи Азербејџан не се согласува за ништо друго, освен со капитулација на Нагорно Карабах, рече Пашинјан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот