Пашинјан: Компромис за решавање на конфликтот во Нагорно Карабах

 Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска изјави дека е потребен компромис за решавање на каков било конфликт, вклучително и во Нагорно Карабах.

– Компромис е потребен во секој конфликт, ако навистина сакаме да го решиме тој конфликт. Ерменската страна отсекогаш била подготвена на компромис. Ако Азербејџан е подготвен на компромис, тоа ќе ја промени ситуацијата, рече Пашинјан за руската државна телевизија.

Обновените конфликти меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно Карабах ескалираа на 27 септември. Ерменија и Азербејџан објавија војна и започнаа општа мобилизација на граѓаните. Двете страни пријавија жртви, вклучително и цивили.

Конфликтот меѓу Баку и Ереван почна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах, со мнозинство ерменско население, прогласи отцепување од Азербејџан.

За време на конфликтот во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решение на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, со која претседаваат Русија, САД и Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот