Партнерот по џудо на Путин и еден од водечките олигарси тврди: Не е тајна, палатата е моја

Фото: EPA-EFE/ALEXANDER NEMENOV /POOL

Аркадиј Ротенберг, еден од водечките руски олигарси во саботата изјави дека тој е сопственик на спорната палата на руското крајбрежје на Црното море, а не Владимир Путин.

Бившиот спаринг партнер во џудо и другар од детството на рускиот претседател се огласи откако Путин беше обвинет дека резиденцијата, која меѓу другото, има наргиле бар, коцкарница и „аквадискотека“ е негова.

Ротенберг, кој има 69 години и богатство од 2,3 милијарди евра, рекол за „Маш Медиа“:

– Ова е место каде запира здивот. Сакаме тука да направиме хотел за престојување, затоа има толку соби.

Фото: Alexei Navalny / East2West News / Profimedia

– Не е тоа никаква тајна. Јас сум сопственик, рекол тој, додавајќи дека имало повеќе понуди за местото, но на крај тој успеал да се избори за палатата.

Ротенберг интервенираше откако Алексеј Навални објави дека обезбедената палата опфаќа дел под земјата со 16 нивоа, при што ја спореди со скривалиштето на негативците од филмовите за Џејмс Бонд.

ВИДЕО+ФОТО I Навални објави фотографии од наводната луксузна резиденција на Путин, Кремљ тврди дека ова е апсурдно

Некои се запрашаа зошто на Ротенберг му било потребно толку време да се сети дека ја купил палатата.

Инженер по рударство кој работел на изградба на комплексот со поглед на море, изјавил дека тој е правен за претседателот и дека под зградата „постои цел лавиринт“, пренесува Дејли мејл.

Фото: Alexei Navalny / East2West News / Profimedia

Тврдењето на Ротенберг дека зградата од 17,6 илјади квадрати ќе ја претвори во хотел со 16 апартмани за руската елита, опозицијата го посочи како обид да се ослободи Путин од притисокот.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот