Ејсап Роки откако ја доби ослободителната пресуда / Фото: Daniel Cole / AFP / Profimedia

Партнерот на Ријана нема да помине 24 години во затвор: Пејачката се расплака во судницата

Американскиот рапер Ејсап Роки, партнер на пејачката Ријана, беше ослободен од сите обвиненија во судењето за кривично дело во центарот на Лос Анџелес.

Музичарот (36) се соочуваше со обвиненија за напад со полуавтоматско огнено оружје во ноември 2021 година, откако во Холивуд пукал кон својот поранешен пријател Ејсап Рели.

Додека судијата ја читаше пресудата, Ријана не можеше да ги задржи солзите, бидејќи нејзиниот партнер, со кого има две деца, беше соочен со потенцијална затворска казна до 24 години. По ослободителната пресуда, Ејсап Роки истрча кон неа и ја прегрна.

„Ви благодарам што ми го спасивте животот“, им се обрати раперот на поротниците, составени од седум жени и пет мажи, додека ја напушташе судницата, пренесе „Асошиејтед прес“.

По пресудата, Ријана објави порака на социјалните мрежи: „Славата му припаѓа на Бога и само на Бога! Благодарна и понизна сум пред Неговата милост!“.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Ријана

Ејсап Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, беше видливо емотивен, прегрнувајќи ги своите адвокати откако пресудата беше донесена. Поротата едногласно ја донесе одлуката по околу три часа советување.

Обвинителството претходно му понудило спогодба, според која требаше да признае вина по една точка од обвинението и да добие шест месеци затворска и условна казна, но раперот и неговиот правен тим ја одбија таа понуда.

Ејсап Роки и Ријана / Фото: Frederic J. Brown / AFP / Profimedia

Во текот на судењето, обвинителите тврдеа дека тој двапати пукал кон Ејсап Рели. Оштетениот сведочеше дека не бил повреден, освен што куршум малку му ја повредил раката.

Одбраната на раперот, пак, тврдеше дека тој користел куршуми од реквизитен пиштол, кој бил набавен од сетот на музичко видео.

Заменик-обвинителот Џон Луин во завршниот збор побара од поротниците да не го земаат предвид присуството на Ријана на судењето, истакнувајќи дека верува оти нејзиното присуство со нивните деца било обид да се влијае врз поротата.

ВИДЕО | Неверојатен сексапил: Ријана го покажа згодното тело во минијатурно боди, никој не забележа дека рекламира продукт

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот