Партизанска блокирана поради лажна дојава за бомба

Фото: МИА

Засега блокирана е целата улица од Архитектонскиот факултет до Силбо. 

Голем број полициски екипи има пред познатата пекара „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава за бомба.

– Имаше дојава дека станува збор за непозната направа и во моментов полициските екипи се излезени на терен- велат од МВР.

Неофицијалните информации од полициските екипи на терен се дека всушност станувало збор за вага, и дека тие ќе се повлечат од местото.

Засега блокирана е целата улица од Архитектонскиот факултет до Силбо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот