ВИДЕO: Партизан влезе во серија: Го победи и европскиот шампион!

Фото: KK Partizan

Екипата на Партизан влезе во серија и ја забележа четвртата победа во низа во Евролигата откако вечерва со одлична игра го победи и европскиот шампион Панатинаикос со 97:73.

Белргадскиот тим имаше одлична реализација на шутевите за три поени на што грчкиот тим немаше одговор. По 14 кола Партизан е на скор од 6-8 додека Панатинаикос сега не а 8-6.

Карлик Џонс беше најефикасен со 18 поени, Браун постигна 17, а Тајрик Џонс оствари дабл дабл со 12 поени и 10 скока.

Во Белград вечерва играа и екипите на Макаби и Барселона, а тој дуел заврши со победа на домаќините од 88:86.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот