Партизан прокоцка два гола предност во финишот и остана без европска пролет

twitter/AZ

Екипата на Партизан остана без победа на гостувањето кај АЗ Алкмар во петтото коло во Лигата на Европа играјќи 2:2 со што ги загуби шансите за освојување на второто место. За болката на навивачите на „црно-белите“ да биде поголема, нивните миленици со головите на Асано и Сума во првото полувреме имаа предност од 0:2 се 88. минута. Тогаш на сцена стапи Друиф кој со два гола, во 88. и 92 минута му донесе бод на АЗ Алкмар.

Во Истанбул, екипата на Рома со убедливата победа од 0:3 над Башакшехир го помина турскиот тим на табелата и во последното коло пред своите гледачи ќе бара победа која ќе ги однесе во нокаут фазата. Верето, Клајверт и Џеко беа стрелци на головите за „римската волчица“.

Резултати:
АЗ Алкмар – Партизан 2:2
Бешикташ – Слован 2:1
Брага – Вулверхемптон 3:3
ЦСКА Москва – Лудогорец 1:1
Ференцварош – Еспањол 2:2
Феенорд – Ренџерс 2:2
Олександрија – Волфсбург 0:1
Сент Етјен – Гент 0:0
ВАЦ – Борусија М. 0:1
Јанг Бојс – Порто 1:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот