Партизан ќе игра во групите на Лига Европа (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Партизан ќе игра во групите на Лига Европа (ВИДЕО)

Белград сезонава ќе биде исполнет со голем број на врвни европски фудбалски натпревари, после Црвена Звезда во ЛШ, вечерва и Партизан обезбеди настап во групите на Лига Европа.

Србија овие денови живее за фудбалот, а белградските ривали го поминаа ова лето успешно. Откако на првиот дуел беше 2:1 за Партизан, денеска на реваншот на „Акер“ стадионот во Норвешка, „црно-белите“ ремизираа 1:1 со Молде.

Немаше голови во првото полувреме, а во 72 минута нигерискиот интернационалец Џејмс ги доведе домаќините во водство од 1:0, резултатот кој што го водеше Молде во групната фаза на ЛЕ.

Но, гостите не се предаваа и во 80 минута после еден изведен корнер на Тошиќ, домашната одбрана не беше внимателна и му дозволија на Милетиќ да скокне највисоко и со глава ја испрати топката во мрежата за голема радост на српскиот клуб.

Освен Партизан, во групите на Лига Европа ќе играат уште Карабах, ФК Копенхаген, Селтик, ПСВ, Астана, Малме, Еспањол, Слован Братислава и Брага.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close