Партизан демантира дека тренерот Милошевиќ добил шамари од навивачите

EPA-EFE/KOCA SULEJMANOVIC

Потпретседателот на Партизан, Владимир Вулетиќ ги демантира пишувањата на медиумите дека „Гробарите“ го малтретирале тренерот Саво Милошевиќ.

На само неколку дена пред продолжувањето на првенството во соседна Србија, денеска се појави вест дека пред извесен период навивачите на Партизан му удриле шлаканици на тренерот Саво Милошевиќ и тоа во клупскиот ресторан.

Веста за овој инцидент се појави само еден ден по шпекулациите дека Милошевиќ ќе си замине од Партизан и ќе седне на клупата на Астон Вила.

– Таблоидниот модус операнди пред три дена го пресели нашиот тренер Милошевиќ во Астон Вила, а во исто време го донесе Вук Рашовиќ од Дубаи во Белград. Не знам како може нашиот тренер да биде претепан во клупскиот ресторан во време на коронакризата и тоа кога имаше забрана за движење, а згора на тоа инцдентот се случил во ресторан кој не работи од 2014 година – изјави Вулетиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот