Партиски реакции: НС го тужи Вучиќ поради воведување полициски час

СДУ вели дека тоа е неприфатливо и оти не можат да се организираат избори помеѓу два полициски часа и од најстрогите мерки да се оди до отсуство на мерки.

Српската Народна партија денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.

– Вучиќ прогласи победа над короната, а сега повторно не заклучува сите во куќен притвор и има намера да ја наметне одговорноста кон граѓаните на Србија по којзнае кој пат. Тој ги заведе граѓаните и ги загрози нивните животи со неговите лажни избори, се наведува во соопштение на Народната партија.

Тие ги повикаа симпатизерите утре попладне да протестираат против воведувањето на полициски час.

Социјалдемократската унија оцени дека организирањето избори и предизборни активности, одржување на натпревари пред 20.000 луѓе, непречената работа на тајкунски клубови и кафулиња, непречената работа на фабриките дури и за време на вонредна состојба, криењето на бројот на мртви и болни од јавноста, се само некои работи со кои власта директно ги загрозила човечките животи заради политички и материјален профит.

– Тие се одговорни за секоја смрт предизвикана од вирусот од укинувањето на вонредната состојба, за колапсот на здравствениот систем, кој сега не може да се справи со бројот на нови пациенти и сега тие сакаат да го обвинат народот за тоа и да наметнат нови мерки за забрана на движење, се вели во соопштението.

СДУ вели дека тоа е неприфатливо и оти не можат да се организираат избори помеѓу два полициски часа и од најстрогите мерки да се оди до отсуство на мерки.

– Бараме кривична одговорност за сите оние кои нè доведоа во оваа ситуација поради своите интереси. Народот не е виновен! Луѓето не треба да седат затворени дома поради ароганцијата на надлежните, велат од СДУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот