33.8 C
Скопје

Партијата за Движење на турците во Радовиш го напушта владејачкото мнозинство

Партијата за Движење на Турците (ТХП) одлучи на локално ниво во општина Радовиш да го напушти владеaчкото мнозинство, така што од денес советникот на ТХП Јашар Сулејман ќе делува надвор од советничката група на актуелното мнозинство.
Ваквата одлука е резултат на крајно деградирачкиот однос и бројните закани на градоначалникот на општина Радовиш и локалните “шерифи” кон турската заедница. Турската заедница како и сите други има потреба од инфраструктура, и со години турските населени места беа заборавени. Како партија на власт која се води од концептот едно општество за сите нема да дозволиме локални структури да го “срушат” тој концепт- велат оттаму.
ТХП силно верува во вредностите на едно општество за сите и во изминатиот период јасно се спротивстави на политиките кои не го почитуваа истиот.
Исто така нема да дозволиме да се појават нови форми на рушење на мултиетничките и културни односи. Убедени сме дека секој подеднакво заслужува место во ова наше поднебје- додаваат од партијата.

Поврзани вести

Во текот на следните два дена Македонија ќе биде зафатена со температури од портокалова алармантна фаза

Слободен печат

Рама: Се надевам дека нема да бараат да се наречете Западна Бугарија оти пак ќе треба да преговарате со Грците

Слободен печат

ВИДЕО | Георгиевски: Охридскиот регион треба да живее во синергија со заштитата, природата и културното наследство

Слободен печат

Град Скопје лани потрошил повеќе од 10 милиони евра на тендери

Слободен печат

Фон дер Лајен: Унгарскиот анти-ЛГБТ закон е срамен и дискриминирачки

Слободен Печат

МЖСПП: Концентрацијата на ПМ 10 честичките во текот на вчерашниот ден е надмината на речиси сите мерни места

Слободен печат

Остави Коментар