Партијата на Нетанјаху е подготвена за нови избори

Актуелниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху Фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека неговата конзервативна партија Ликуд е „подготвена за избори” додека тој и неговиот противник Бени Ганц, лидерот на опозициската „Цино и бело”, меѓусебно се обвинуваат за застој во преговорите за формирање влада.
Нетанјаху тоа го изјави еден ден откако со Ганц разговараше само 45 минути и не е постигнат напредок во договорот за единство, чиј рок за постигнување истекува на 11 декември.
Доколку ниту еден израелски пратеник во тој рок не обезбеди поддршка од најмалку 61 од вкупно 120 членови на Парламентот, тогаш ќе се распишат нови избори, третпат за помалку од една година.
Ниту Нетанјаху, ниту Ганц не успеаја досега да состават влада, но и едниот и другиот јавно изјавија дека не сакаат трети избори.
– Нема помрднување ниту еден милиметар. Ние предложивме се, за да гарантираме владата на единство да биде стабилна, но тие едноставно го отфрлаат тоа, истакна Нетанјаху, оценувајќи дека Ликуд е подготвен за избори доколку нема друг излез и очекува да победат.
Ганц одговори дека премиерот не нуди ништо ново и на таков начин не се водат преговори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот