Партијата на Макрон загуби 40 пратеници за три години

epa08631047 French President Emmanuel Macron, wearing a protective face mask, as he visits a site of pharmaceutical group Seqens, a global leader on the production of active pharmaceutical ingredients, to mobilize innovation and support the research on the coronavirus disease (COVID-19), in Villeneuve-la-Garenne, France, 28 August 2020. EPA-EFE/CHRISTIAN HARTMANN / POOL MAXPPP OUT

Групата на Републиката во движење (ЛРЕМ) партијата создадена од претседателот Емануел Макрон во Националното собрание го регистрираше 40-тото заминување од почетокот на мандатот. Пратеникот  од Па-де-Кале Беноа Потери одлучи да и се приклучи на групата Ажир, која ги обединува десноцентристичките пратеници од  мнозинството, јави дописникот на МИА.

Пратеникот сепак сака да појасни дека „нема забелешки кон групата ЛРЕМ”. Тој исто така останува член на движењето. „Во мојот департман многу членови на движењето доаѓаат од социјалистичката партија, сакав да ја покажам мојата чувствителност кон десниот центар”, објаснува тој. Беноа Потери, исто така, посочува дека тој претпочита да работи во помала парламентарна група каде што „неговиот глас се слуша” и каде што има „повеќе време да зборува”.

Поранешен шеф на претпријатие на кој ова му е прв политички мандат е – го предупреди Кристоф Кастанер, кој штотуку е избран за претседател на групата ЛРЕМ, дека останува во заедничката куќа. Од своја страна премиерот повика на изградба на парламентарна меѓугрупа во Палата Бурбон, која ќе ги обедини групите ЛРЕМ, МоДем и Ажир. Од пролетта, ЛРЕМ повеќе нема апсолутно мнозинство во Собранието.

Со најавените сенаторски избори на крајот на септември, претседателот Емануел Макрон ризикува да се најде во потешка ситуација со уште поголема опозиција во Горниот дом, со оглед дека на последните општински избори неговата партија не забележа успех. Имено на секторските избори гласат претставници на територијалните и локалните собранија и општински совети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот