Партијата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе води на изборите за Горниот дом на Парламентот - Слободен печат

Партијата на јапонскиот премиер Шинѕо Абе води на изборите за Горниот дом на Парламентот

Либералната демократска партија на јапонскиот премиер Шинѕо Абе освои најголема поддршка од неопределените гласачи на вчерашните избори за Горниот дом на јапонскиот Парламент, јавуваат локалните медиуми.

Меѓу гласачите кои не се поврзани со ниту една партија, 23,5 отсто гласале за Либерално-демократската партија на Абе, а 20,6 проценти за најголемата опозициска демократска партија на Јапонија.

Јапонците вчера гласаа за 124 места во Горниот дом на Парламентот, кој е помалку влијателен од двата дома, бидејќи не го избира премиерот директно.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Либерално-демократската партија на Абе би можела да го задржи мнозинството бидејќи гласачите главно сметаат дека тој е посигурен избор од опозицијата. Абе се надева дека заедно со сојузниците ќе успее да освои двотретинско мнозинство, кое е неопходно за процесот на ревизија на јапонскиот пацифистички Устав, односно Членот 9, кој би и дал поголем легитимитет на војската.

Прочитајте и...  Британија може да загуби 19,5 милијарди долари годишно по излегувањето од ЕУ

Овој член не е менуван од стапувањето во сила во 1947 година и неговата промена ќе претставува голем симболичен пресврт од повоениот пацифизам.

Според анкетите, мислењата на гласачатите се поделени околу менувањето на Уставот.

Прочитај повеќе

Рама: Авиолинијата Приштина-Белград е многу важен чекор кој треба да го следат и другите

Слободен печат

За разлика од загадувањето, бесплатниот превоз заврши

Слободен печат

Официјалните лица потврдија: Американскиот воен авион во Авганистан се урнал поради дефект

Слободен печат

Австриската национална авиокомпанија нема да лета во Кина до 9 февруари

Слободен печат

Дескоска: Нема да дозволиме да се блокира процесот на носење на законот

МИА Агенција

По планот за Средниот Исток, Харадинај од Трамп очекува конкретни идеи и за регионот

Слободен печат

Остави Коментар

two × one =

Прочитај повеќе

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во Сити Мол

Слободен печат

„Вашингтон пост“ ја врати на работа суспендираната новинарка по објавите за Коби Брајант

МИА Агенција

Скопската зоолошка му посака добредојде на белиот лав Чака

Слободен печат

Владата го поздравува планот на Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Слободен печат

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата

МИА Агенција

По Вухан, коронавирусот се шири и во кинескиот град Хуанганг

МИА Агенција