Партијата на Харадинај бара да не се укинуваат таксите за српските производи

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

На транспарентите пишуваше „Вратете ги исчезнатите, а не српските производи”, „Со укинување на таксите, ќе не отпуштат од работа”, „Луѓето не забораваат, Србија не поминува”.

Членови на Алијанса за иднината на Косово (АБК), партијата на Рамуш Харадинај, денеска на оградата од зградата на косовската Влада поставија транспаренти со кои бараат да не се укинуваат таксите за артикли од Србија.

На транспарентите пишуваше „Вратете ги исчезнатите, а не српските производи”, „Со укинување на таксите, ќе не отпуштат од работа”, „Луѓето не забораваат, Србија не поминува”.

Активистите на АКБ во дворот на Владата фрлија и кутија од „Плазма” кекси.

АКБ и претходно бараше од Владата да не ги укинува таксите за артиклите од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот