Партијата на Борисов ќе предложи своја Влада, иако има мали шанси за поддршка од Парламентот

Бојко Борисов / AFP / Profimedia

ГЕРБ како прва политичка сила по парламентарните избори во Бугарија ќе предложи своја влада по свикувањето на новото Национално собрание. Оваа вест ја соопшти на прес-конференцијата Томислав Дончев, кој е вицепремиер и близок до премиерот Бојко Борисов.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, името на Бојко Борисов ќе отсуствува од владата што ќе предложи ГЕРБ. Партијата беше категорична дека тие подготвиле структури и персонал за секоја ниво на власт во Бугарија. Сепак, прашањето кој ќе биде премиер остана неодговорено – дали тоа ќе биде Борисов или ГЕРБ се движи кон компромис со друга фигура.

Дончев рече дека ГЕРБ ќе ја следи постапката како што е пропишана во бугарскиот устав.

– Како прва политичка сила, ние сме должни да предложиме влада во име на довербата на 840.000 бугарски граѓани, и покрај малите шанси таа да добие поддршка. ГЕРБ не стравуваат од кабинет назначен од претседателот Румен Радев, беше соопштено на прес-конференција на владејачката партија на Бугарија.

На парламентарните избори во Бугарија, кои се одржаа на 4 април, ГЕРБ победи во 24 изборни единици, Движењето за права и слободи во три, „Демократска Бугарија” во две и „Има таков народ” и БСП по еден, објави административниот центар на партијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот