Партиите не се договорија за промена во Изборниот законик

Во денешниот број на печатеното издание на „Слободен печат“ прочитајте за тоа како начелно СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се залагаа правилата на игра да се прилагодат на начин на кој помалите партии ќе имаат шанса за влез во парламентот, сепак тие не се договорија за промени во Изборниот законик.

Експерти понудија еконономска пред политичка интеграција – членство во ЕЕЗ, со цел да се поттурне процесот на земјите од Западен Балкан по неуспехот ЕУ да им ги отвори вратите на Северна Македонија и Албанија.

Откако минатата недела СОНК најавија дека ќе започнат со генерален штрајк, сепак тие заедно со претставниците на Министерството за образование ќе седнат на преговарачка маса.

Во саботата Куманово се најде на првото место на најзагадени градови во светот, завчера во истото рангирање на десетто место беше главниот град.

Во текот на вчерашниот ден пристигна веста од светските агенции дека е убиен лидерот на Исламската држава, Абу Бакар ал-Багдади.

Во рубриката Трибина прочитајте ги најновите колумни на Нинослав Ивановски, Мендо Димовски, Катерина Блажевска и Златко Теодосиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот