Партиите ќе побараат од Матарела да остане на претседателската функција

Серџо Матарела / Фото: МИА

Италијанските владејачки партии се согласија да побараат од италијанскиот претседател Серџо Матарела (80) да остане на функцијата уште еден мандат, откако Парламентот не успеа да најде алтернативен кандидат, изјави денеска лидерот на левичарската партија Слободни и еднакви (ЛЕУ), Роберто Сперанца.

– Тоа е голема радост, изјави Сперанца пред новинарите по средбата на лидерите на владејачката коалиција.

Италијанскиот премиер Марио Драги, исто така, побара од Матарела да остане на функцијата уште еден мандат, откако политичките лидери не успеаја да најдат алтернативен, компромисен кандидат, истакна претходно денеска неименуван извор.

Тој нагласи дека Драги му рекол на Матарела дека треба да остане на функцијата за доброто и стабилноста на земјата.

Засега нема коментари од кабинетот на италијанскиот претседател.

Серџо Матарела (80) претходно изјави дека не сака уште еден мандат како шеф на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот