Партиите го кажаа своето, сега ќе зборуваат гласачите

Предизборниот молк што почнува од утре на полноќ ќе им остави време на граѓаните до среда да размислат дали и кому ќе му го дадат својот глас на десеттите парламентарни избори во Македонија, по 20-дневна предизборна кампања што се одвиваше во специфични услови поради пандемијата со коронавирусот. Политичарите на разни начини се потрудија да им пренесат на гласачите зошто токму тие се вистинскиот избор, притоа ветувајќи пред сѐ подобар стандард и повеќе пари, интеграција во Европската Унија и многу посакуваната правда за сите што ги прекршиле законите. Не изостанаа ниту националистичките тонови, како неизбежен мамец на гласови на секое изборно соочување, и секако, „бомбите“ што се „фрлаа“ против водечките луѓе на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и во чиј чад се изгубија поентите од партиските програми.

За пет дена ќе стане јасно кои ветувања на партиите им „фатиле око“ на мнозинството граѓани и без разлика колку вкупно гласачи ќе го дадат својот глас, новиот пратенички состав ќе биде избран, па од идниот четврток ќе почнат комбинаториките за новото парламентарно мнозинство и формирање влада.

Правдата е приоритет за сите

Според сите анкети фаворити и на овие избори се коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и коалицијата „Обнова“ на чело со ВМРО-ДПМНЕ, чии претседатели, уверени во својата победа, ветуваат економски раст, неселективна правда, борба против корупцијата и подобрување на сите аспекти на животот во следните четири години.

Заев за свои најголеми адути ги смета надворешнополитичките успеси како зачленување на земјава во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ и бара граѓаните да ги сочуваат тие придобивки.

– За да можат сите да бидат заштитени, за да сме сигурни дека нема да бидат поништени историските закони и договорите со соседите, единствената опција е граѓаните да гласаат за коалицијата „Можеме“. На другата страна имате луѓе како Гордана Силјановска, кои отворено зборуваат против законот за јазиците, Преспанскиот и договорот со Бугарија. Тие дури зборуваат и за поништување на Рамковниот договор и ново уредување на државата. Тоа се нови горчини, нови конфликти, нови проблеми. Со тоа нема да можеме да ја донесеме Европа дома – предупреди Заев од трибините со граѓаните.

Прочитајте и...  Преку ограда над 100 мигранти се обиделе да влезат во Унгарија: Фрлале со камења врз полицијата, вратени на српска страна (ВИДЕО)

Тој вчера преку видео-обраќање побара уште еден мандат за да ги продолжи, како што рече,  добрите политики.

– Се обврзувам пред вас дека судскиот систем ќе биде првата работа што ќе биде реформирана во наредниот мандат и зад ова стојам со сиот свој интегритет – порача Заев.

Носителот во ИЕ2 Оливер Спасовски завчера во тетовско рече дека иднината е во концептот за едно општество, а не обновен режим и национализам и дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се грижат само за себе, личните и партиските интереси и тие се опасност.

– Вложуваме во иднината и сигурноста на сите категории граѓани. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80 отсто од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5-6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес. Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, за поголема социјална помош, за канализации, патишта, водоводи. Тоа се европски пари за европски стандарди дома и опцијата за 15 јули е јасна – рече Спасовски.

Тој додаде дека минималната плата ќе достигне до 20.000 денари, а просечната плата до 34.000 денари и дека парите ќе одат кај граѓаните наместо за бели палати и мермер. Коалицијата „Можеме“ ветува и повисока социјална помош, повисоки пензии, родова еднаквост, странски инвестиции, инфраструктурни вложувања итн.

И Мицкоски најголемиот акцент во кампањата го стави на економската програма на ВМРО-ДПМНЕ за обнова економијата, но и тој ветува брза правда и независно судство.

– Јас ви ветувам дека во првите 100 дена секој оној што се огрешил пред законот, осрамотил пред граѓаните без разлика дали е политички определен или неопределен на онаа или оваа политичка партија, ќе одговара. Од прв до последен. Доста беа неправди, овој народ е уморен од криминалци, од натрапници во политиката – порача Мицкоски.

Прочитајте и...  Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Според него, правната држава и правната сигурност се предуслов за силната економија каква што ветува, со 25 отсто повисока просечна плата, 20 проценти повисоки пензии, 1.000 километри нови и реконструирани патишта и рамен данок од 8 отсто.

Носителот на листата во ИЕ 3 Игор Јанушев најави дека неговата партија, доколку победи, ќе го укине извршувањето врз куќи и станови, ќе изврши проверка на имотната состојба на носителите на јавни функции и ќе изврши ветинг во правосудството.

Албанците си метат само во својот двор

Од ДУИ, пак, ловот на гласови го вршат со идејата за прв премиер Албанец, а според лидерот Али Ахмети тие се клучни за формирање на Влада и секоја партија што сака да коалицира со нив треба да знае дека нивните црвени линии се Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија.

–  Овие договори ја одведоа земјата кон членство во НАТО, доведоа до отворање на преговори со ЕУ, ги релаксираа меѓуетничките односи, така што тие се алфа и омега за мир, стабилност и безбедност. Секој што се обидува да ги прекрши овие договори на кој било начин, не може да биде партнер со нас – вели Ахмети.

Насер Зибери, кандидатот за премиер од ДУИ, ветува 25 конкретни мерки во првите 100 дена, меѓу кои и социјална пензија за сите жени што никогаш не работеле официјално.

Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива ветуваат инвестиции од 500 милиони евра за „запоставените албански населби“ и за изградба и обнова на патишта, канализации и друга инфраструктура.

– Мора да воспоставиме правна држава и правен систем, пред кој сите ќе бидат рамноправни, без разлика дали се обични граѓани или министри, поранешни министри, сегашни или поранешни носители на јавни функции. Знаеме која е најголемата рана на нашето општество, а тоа е дека сѐ уште и ден-денес, судските одлуки се носат по етничка и политичка линија – вели Села.

Прочитајте и...  Спасовски: Право на пристап до вода има секој жител и со тоа нема водење политика

И малите партии со големи очекувања

Помалите партии на овие избори имаат помали шанси за пратенички места, пред сѐ поради изборниот модел со шест изборни единици, но и покрај тоа голем дел од нив водеа жестока кампања, во која главно ги критикуваа најголемите партии како криминални, корумпирани и истрошени пред народот

Од партијата Левица, освен дека ќе ги поништат Преспанскиот и договорот со Бугарија, ветуваат дека најголемиот фокус ќе го стават на работничките права. Во својата програма тие предвидуваат намалување на нееднаквоста, намалување на работното време на 6 часа, прогресивно даночење на профитот на компаниите и индивидуалните приходи, прогресивно даночење на богатството на олигархијата и државна помош за компаниите што прават пониски добивки, како и нивно претворање во јавно-приватни претпријатија.

Македонски концепт стави акцент на казнивост на политичарите и политичка одговорност.

– Слушнавме ветувања за правда, за подобар живот, за повисоки плати, за подобра социо-економска положба, за казнивост на политичарите, политичка одговорност, но не добивме ништо. Во Македонски концепт се залагаме за казнивост на политичарите, политичка одговорност, за кривично дело лажно политичко ветување и за финансиска лустрација на политичарите и функционерите – вели Петар Богојески, носител на Македонски концепт во ИЕ1.

Глас за Македонија на Солза Грчева довербата ја бара со ветување дека ќе го укине Преспанскиот договор. Таа смета дека патот за влез во ЕУ би бил тежок и без и со Договорот, а соседите доколку сакаат, може да ја блокираат Македонија во секој случај, како и дека нема да го загубиме членството во НАТО ако се врати уставното име.

Партијата ГДУ ветува намалени даноци, намалување на јавните трошоци, распределба на јавните пари по половина за општините и државниот буџет, реформи во судството, здравството и во образованието.

Партијата Интегра, исто така, гласовите ги бара со ветување дека ќе ги укине Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, како и со редуцирање на јавната администрација, транспортна стратегија со брза железница, слободни земјоделско-сточарски зони итн.

Прочитај повеќе

Нов транскрипт открива што Клинтон му рекол на Путин за Милошевиќ: Веројатно ќе ги искраде изборите

Слободен печат

Владата го усвои полугодишниот Извештај за извршување на Буџетот

Маријана Митровска

ВМРО-ДПМНЕ ниту ги потврдува, ниту демантира написите на „Лајм“

Слободен печат

Трагичен биланс од експлозијата во Бејрут: Загинаа 135 лица, над 5.000 повредени и стотина исчезнати

Слободен печат

Италија и Шведска имаа целосно различни пристапи, а сега се мирни: Вирусот го држат под контрола додека светот и натаму се бори

Слободен печат

„Лајм“: Eдинствената „задача“ на Мицкоски е да го убеди Апасиев да поддржи влада со премиер Албанец

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ШОК И ЛЕЛЕЦИ ВО ЖИВО: Експлозијата ја турна новинарката на Би Би Си додека разговараше, соговорникот остана збунет (ВИДЕО)

Слободен печат

Метју Палмер: Очекуваме добар и силен партнер во новата влада на Северна Македонија

Слободен печат

Рајанер не ги почитува правилата против коронавирусот, Италија се заканува со запирање на летовите

Слободен печат

Ристиќ: Пластични шишиња и друг отпад со саати и саати течат со Вардар (ВИДЕО)

Слободен печат

Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

Слободен печат

Тачи бара Финансиска полиција да истражува трансфер на пари од Иран

Слободен печат