Партичи доби суспензија од ФИФА, Тотенхем остана и без спортски директор

Фото: Screenshot/YouTube

Спортскиот директор на Тотенхем, Фабио Партичи доби забрана за занимавање со фудбалската дејност било каде во светот. Ова значи дека Тотенхем, по заминувањето на Антонио Конте ќе остане и без спортски директор.

Партичи беше вмешан во финансиските малверазии во Јувентус во текот на пандемијата и поради тоа доби забрана од ФИФА.

Фудбалскиот сојуз на Италија го суспендираше на 30 месеци и тоа до денес не му пречеше во пречеше во работата во Италија. Сепак, сега ФИФА одлучи да ја прошири неговата забрана и таа ќе важи во сите земји.

Во овој момент Тотенхем е на четвртото место на табелата со 49 освоени бодови, бод помалку од третопласираниот Манчестер Јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот