Парондо пред Ф4: Иднината на Вардар е многу комплицирана!

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

И Парондо потврди дека првиот човек на шампионот, Сергеј Самсоненко не може повеќе да го финансира клубот, за што можете повеќе да прочитате ТУКА

– Иднината на Вардар во овој момент е многу комплицирана, пред неколку дена се отвори можноста да се спаси клубот, поранешниот претседател се трудеше да најде поддршка од институциите, спонзори, со цел клубот да остане на највисоко ниво. Често се говори за буџетот, но се слушаат само ветувања. Не заслужува Македонија, градот и фановите да загубат ваков голем клуб – рече Роберто Гарсија Парондо, кој неодамна беше промовиран како нов селектор на египетската репрезентација.

Воедно стратегот на Вардар се надоврза и на полуфиналниот меч со Барса од која стравува од секаков аспект.

– Мораме да внимаваме на секој момент, Барселона е фаворит, но ние ќе играме без притисок и ќе се обидеме да се пласираме во финалето. Мораме да веруваме во себе, во нашиот квалитет, нормално одбраната е најважниот сегмент во играта, но Барса е енормно опасна во нападот и може да постигнува лесни голови, имаат брзи и ефикасни контри. Нашиот пласман на Ф4 турнирот е можеби и награда после сето она што го доживеавме досега во и надвор од паркетот – додаде Парондо.

Потсетување, дека Вардарци во полуфиналето на 1 јуни во ударниот термин од 18:00 часот ќе ги одмерат силите против Барселона, а претходно од 15:15 часот Веспрем на нашиот Дејан Манасков ќе игра со Киелце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот