Парондо: Не го гледаме резултатот, почнуваме од нула
Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо не размислува како да ја одбрани предноста од првиот натпревар против ПИК Сегед. Вардарци во првиот четвртфинален натпревар со ПИК Сегед, во салата „Јане Сандански“ победија со 31:23 и со едната нога се на фајнал фор турнирот во Келн.
Но, за да се биде дел од завршниот турнир во Келн, потребно е вечерва (19 ч.), „црвено-црните“ да се одбраната од „нападите“ на ПИК Сегед.
– Не го гледаме натпреварот од првиот меч. Сега ќе биде сосема поразличен натпревар и ние почнуваме од нула. ПИК Сегед отсекогаш имал едни од најдобрите навивачи во Унгарија, и многу добро знам што не очекува вечерва. Ние си ја знаеме нашата цел за која сме тука и тоа е пласман на фајнл фор турнирот во Келн – рече Парондо.
Веќе се познати две екипи кои ќе играат во Келн, Веспрем кој го елиминираше Фленсбург и Барселона која пак беше поуспешна од Нант и Кире Лазаров.