„Парни ваљак“ снимија спот и испратија важна порака до фановите! (ВИДЕО)

Фото: Јутјуб/ Принтскрин

Во карантински услови, како резултат на коронавирусот, легендарниот рок бенд, „Парни Ваљак“, сними нова акустична верзија од својот познат хит, песната под назив „Љубавна“.

Песната ја снимија така што секој член во свој посебен простор си го врши својот дел од работата, а на фановите им испратија јасна порака преку стиховите – „Дигни главу, не дај се, пјевај пјесме љубавне“.

„Поздрав луѓе. Едвај чекаме да можеме да работиме пред вас, а дотогаш памет во глава. Чувајте се, само за ова да помине што побрзо. Ве сакаат „Парни Ваљак“, порача пејачот на бендот Аки Рахимовски.

Погледнете го нивното видео за нумерата „Љубовна“:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот