Парли: НАТО ќе има корист од заедничката одбрана на ЕУ

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли / Фото: EPA-EFE/Claudio Bresciani/TT SWEDEN OUT

Француската министерка за одбрана Флоренс Парли денеска им порача на колегите од НАТО да не се плашат од заедничките одбранбени планови на Европската унија.

Парли истакна дека САД ќе имаат корист и дека европските капацитети само ќе ја зајакнат Алијансата.

– Кога слушам некои дефанзивни изјави околу прашањето за одбраната на ЕУ, кога ќе видам одредени закани, вклучително и во оваа организација, велам: „Не плашете се!”, изјави Парли за време на седницата на која присуствуваше и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел.

Таа додаде дека европската одбрана не се прави со цел да биде опозиција на НАТО, туку дека напротив, посилна Европа ќе придонесе за посилна Алијанса.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин одговори позитивно во својата јавна презентација и го поздрави зајакнувањето на европската одбрана.

– Она што би сакале да го видиме се иницијативи кои се комплементарни со работите кои ги прави НАТО, додаде Остин.

Од 27 членки на Европската унија, 21 земја се и членки на НАТО, каде се наоѓаат 30 држави.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот