Парламентот во Британија го одложи гласањето за новиот договор за Брегзит

Парламентот во Велика Британија денеска донесе одлука да се одложи гласањето за новиот договор за Брегзит постигнат со Европската Унија пред неколку дена.

За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново одложување на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат Брегзит без договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот