Парламентот на Австрија гласа за задолжителна вакцинација

Австриски парламент/ Фото EPA-EFE/FLORIAN WIESER

Австрискиот парламент денеска треба да гласа за воведување задолжителна вакцинација против ковид-19, која треба да стапи на сила на почетокот на февруари. За предлогот се очекува јасно мнозинство, бидејќи покрај владејачката партија од Австриската народна партија и Зелените, „за” најверојатно ќе гласаат и многу пратеници меѓу опозициските социјалдемократи и либерали,  јави ДПА.

Екстремно десничарската Партија на слободата (ФПО), од друга страна, жестоко се спротивставува и го критикува планот.

Задолжителната вакцинација би важела за сите граѓани над 18 години. Исклучоци се планирани за трудниците и сите оние кои не треба да се вакцинираат од здравствени причини.

Бундесратот, Горниот дом на австрискиот Парламент што ги претставува сојузните држави, се очекува да го поддржи законот на 3 февруари.

Новиот закон е предмет на жестока јавна расправа. Десетици илјади луѓе редовно демонстрираат против Ковид мерките наметнати од Владата и против идејата за задолжителна вакцинација.
Во моментов, околу 75 отсто од луѓето во Австрија примиле две дози од вакцината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот