Парламентот го поддржа Конте: Вонредната состојба во Италија ќе продолжи до 15 октомври

Горниот дом на италијанскиот парламент го одобри барањето на премиерот Џузепе Конте вонредната состојба во земјата да се продолжи до 15 октомври, со што владата ќе добие дополнителни овластувања во борбата против епидемијата на коронавирусот.

Опозициските партии се спротиставија на барањето, тврдејќи дека Конте пробува да добие премногу овластувања и покрај драстично ослабената епидемија. Меѓутоа, Сенатот ја усвои мерката за која гласале 157 пратеници, додека против биле 125.

Долниот дом на парламентот ќе гласа утре за барањето на Конте.

Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца изјави претходно дека владата планира да ја продолжи вонредната состојба во 31 октомври.

Италија е една од најзагрозените земји во Европа при глобалната пандемија на коронавирусот. Во Италија досега се потврдени 246.500 случаи на зараза, а починати се повеќе од 35.000 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот