Парламентот гласаше „за“ нов мандат: Турската армија останува во Либија уште 18 месеци

Фото: EPA

Турскиот парламент го одобри предлогот за продолжување на мандатот за распоредување на војската во Либија за уште 18 месеци. Додека владејачката Партија на правдата и развојот и Партијата за националистичко движење ја поддржаа иницијативата, главната Републиканска народна партија и другите опозициски партии гласаа против.

– Либија претставува закана за Турција и целиот регион и доколку продолжат нападите, интересите на Турција во Средоземно Море и Северна Африка ќе бидат засегнати, се наведува во предлогот.

Прекинот на огнот, кој беше договорен во октомври, и политичкиот дијалог во Либија сè од големо значење за Турција.

Во рамки на Меморандумот за безбедност и воена соработка, потпишан со Либија, Турција ќе продолжи да придонесува за обука и консултантска поддршка за Либија, се додава во предлогот. На 27 ноември Анкара и Триполи потпишаа пакт за воена соработка, како договор за морските граници во Источен Медитеран.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот