Парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, потврди Ердоган

Фото: МИА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека претседателските и парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 14 мај, како што и било предвидено, што е малку повеќе од три месеци по разорниот земјотрес во кој загинаа повеќе од 45.000 луѓе во Турција.

Оваа нација ќе направи што е потребно на 14 мај, рече Ердоган во говорот пред претставниците на неговата Партија на правдата и развојот.

Тоа е датумот за кој претходно зборуваше Ердоган и не го помести поради земјотресот.

Осудувајќи ги тие кои ја критикуваа неговата Влада за лошото владеење по земјотресот на 6 февруари, Ердоган рече: „Ќе им дадеме соодветен одговор на 14 мај“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот