Парламентарни избори во Летонија

Летонија парламентарни избори фото EPA-EFE/TOMS KALNINS

Летонците денеска гласаат на парламентарните избори во услови на руската инвазија на Украина, па аналитичарите оценуваат  центристичкиот премиер Кристијанис Каринш ќе остане на чело на владата, пренесува францускиот весник Фигаро.

Експертите го објаснуваат својот заклучок со слабеењето на популистите, конзервативците и Социјалдемократската партија „Согласност” (блиска до рускојазичното малцинство), додека прозападната партија на Каринш „Ново единство” води во предизборните анкети со околу 13 отсто.

Два дена пред гласањето, претседателот Егилс Левитс ги повика граѓаните на балтичката земја, членка на ЕУ и НАТО, да излезат на гласање. Сепак, тој издаде предупредување во однос на про-Кремљ партиите, блиски до значајното рускојазично малцинство, кое „на почетокот на руската инвазија на Украина, се двоумеше јасно да каже кој е агресорот, а кој жртвата”.

Без да ги именува, тој во своето соопштение ги критикуваше популистичките партии кои „предлагаат едноставни и често непрактични решенија за екстремно сложените проблеми, кои ветуваат дека од денес до утре ќе ги намалат сите трошоци и ќе ја зголемат целата помош”, особено споменувајќи ги цените на енергијата.

Избирачките места беа отворени во 07:00 часот по локално време (04:00 по Гринич) и ќе бидат затворени во 20:00 часот (17:00 по Гринич). Неколку минути подоцна се очекува да бидат објавени првите податоци од излезните анкети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот