Парламентарни избори во Исланд

Избори во Исланд/ Фото: МИА

Денеска во Исланд се одржуваат парламентарни избори, четири години откако коалицијата на левичарски и десничарски партии успеа да стави крај на кризите и скандалите во земјата, но неизвесно е дали повторно ќе освојат мнозинство.

Премиерката Катрин Јакобсдотир, лидерка на левичарското еколошко движење, ќе се бори за втор мандат во средина на политичка фрагментација, јави Бета.

Според анкетите, девет од десет партии во изборната трка би можеле да влезат во парламентот.

Коалицијата во заминување, која има 33 од 63 пратеници, се состои од различни партии – конзервативната Партија на независноста на ветеранот на исландската политика Бјарни Бенедиктон, Партијата на напредокот (десен центар) и движењето на премиерката.

Право на глас имаат 250.000 гласачи од вкупно 370.000 жители на Исланд.

Првите резултати се очекуваат по затворањето на избирачките места.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот