Парламентарната комисија му го укина имунитетот на Себастијан Курц

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Надлежната комисија на австрискиот парламент му го одзеде пратеничкиот имунитет на на шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), и поранешниот премиер Себастијан Курц.

Пратеничкиот имунитет на Курц беше укинат по барањето на обвинителството за економски криминал и корупција, кое води истрага против Курц поради проневера и поткуп,

Обвинителството од петок ќе може да ја продолжи истрагата.

По одлуката на собраниската комисија, Курц изјави дека сега ќе може послолбодно да работи на докажување на својата невиност и да докаже дека е жртва на погрешни обвинувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот