„Парламентарна група за кучиња“: Покрената иницијатива да им се дозволи на кучињата да влезат во Бундестагот

Фото: Sergei Lykov / Panthermedia / Profimedia

Германскиот Бундестаг од минатата година има „Парламентарна група за кучиња“, чија цел е да им овозможи пристап на милениците на вработените во зградата на парламентот.

Групата ја сочинуваат 20 вработени во парламентот и 60 пратеници од сите партии, пренесува „Дојче веле“.

Јенс Бек од редовите на партијата ФДП, кој е и претседател на таа пратеничка група, смета дека е погрешно што деловникот на Бундестагот толку категорично го исклучува присуството на кучиња во канцелариите на парламентот.

Во прописите јасно стои дека освен скутери и велосипеди, во зградите на Бундестагот не смеат да влезат и животни, а единствен исклучок се полициските службени кучиња. Пратениците на оваа пратеничка група би биле задоволни доколку се дозволи внесување на кучиња барем во една зграда на Бундестагот, а најдобро би било тоа да биде во делот со уредена градина.

Првиот успех на „Парламентарната група на кучиња“ е што во иднина во Бундестагот ќе можат да влегуваат кучиња асистент, односно кучиња кои се специјално обучени да им помагаат на лицата со инвалидитет или хронични болести во нивното секојдневие.

По тестирањето, на овие кучиња им е дозволено да ги придружуваат своите сопственици насекаде во Германија, до лекарска ординација, до супермаркет, а наскоро тоа ќе биде можно и во Бундестагот.

„Парламентарната група за кучиња“ работи и на други теми. Тие работат на теми како што се нелегалната трговија со кучиња, регулативата за признавање на кучиња за терапија, како и на дозволувањето на други работни места да се носат кучиња во канцелариите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот