Паркот во Ајдучко маало доби нов лик во рамки на иницијативата „Поубоо“

Фото: МИА

Граѓанска иницијатива „Поубоо “(Поубаво) во Тетово денеска со втора акција за создавање похуман и поубав јавен простор односно за чистење, уредување и разубавување на паркот во Ајдучко маало.

Од 8 до 17 часот траеше доброволната акција во која учествуваа граѓаните како и вработените од комуналното претријатие кои го собраа и транспортираа насобраниот смет. Покрај собирање и чистење на смет, извршено е и фарбање во паркот.  Воедно поставени се нови садници, нацртани нови детски игри и слично.

-Борбата за „Пубоо” маало продолжува. Се отвара нов фронт: паркчето во  Ајдучко маало. Да докажеме дека можеме да го разубавиме секој простор со малку труд и дека од нас зависи кај ќе живееме, истакнаа од иницијативата.

Околу 15-тина луѓе се јавија на повикот за учество во акцијата преку социјалните мрежи. Минатиот месец беше интервенирано во паркот во Саат маало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот