Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 169 возила

Паркинг Водно
Фото: МИА

Во текот на изминатиот викенд паркингот на Водно го искористиле 169 возила, според бројот на испратени СМС пораки, соопштуваат од Град Скопје.

Од ЈП „Градски паркинг” и Град Скопје потсетуваат дека зонското паркирање на паркиралиштата на Средно Водно е воведено како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно.

– Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а паркирањето во зеленило се санкционира, информираат од Град Скопје.

Градот Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Видео на денот