„Парк на сеќавањето“ во Центар во чест на победата над фашизмот

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Баздникин, денеска засадија 10 садници од видот јавор со што го најавија хортикултурното уредување на паркот и идејното решение за реконструкција на детското игралиште позади Универзалната сала.

На местото каде ќе бидат засадени садниците, паркот ќе биде именуван во „Парк на сеќавањето“ Општина Центар, овој парк го посветува на Руската Федерација во знак на пријателство и во чест на одбележување на 75 годишнината од победата над фашизмот.

Во месец мај годинава, Општина Центар со поддршка од руската амбасада постави ново спомен –обележје, лоцирано на реконструираната улицата „9 Мај“ во Центар, во чест на милионите војници кои пожртвувано ги дадоа своите животи во војната, за повторно враќање на светскиот мир, слободата и демократијата.

-Благодарност до рускиот амбасадот Н.Е Сергеј Баздникин и до Руската Федерација за поддршката на активностите на Општина Центар и преку овој симболичен чин сакаме да пратиме пријателска порака која ќе остане во сеќавање на граѓаните и идните генерации, рече градоначалникот Богдановиќ.

-Овие активности се потврда за успешниот пријателски и партнерски однос кои двете држави го негуваат за унапредување и продолжување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете земји, во сите области од заемен интерес и зближување меѓу народите на двете држави, велат од Општина Центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот