Парижани се молат за Нотр Дам

Фото: EPA/ YOAN VOLAT

Пожарникарските служби синоќа изјавија дека страшниот пожар кој ја зафати катедралата Нотр Дам,  нема да ја уништи целата и структурата ќе биде спасена.

Од друга страна, подоцна тоа го потврди и претседателот Макрон, истакнувајќи дека ќе биде обновена.

„Најлошото е избегнато и ние заедно ќе го обновиме Нотр Дам“, рече францускиот претседател Емануел Макрон од пред полууништената катедрала, најавувајќи меѓународна кампања за собирање финансиски средства.

Парижани се молат за Нотр Дам, а бројни политичари ширум светот го изразуваат своето жалење за стравичниот пожар кој избувна синоќа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот