Парижани му пркосеа на коронавирусот: Почнаа да играат на улица, снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

Париз, Франција/ Фото: Профимедиа

На социјалните мрежи се појави снима како граѓаните на Париз играат на улица на музика, која од балконот ја пуштал моментално невработениот театарски техничар, Нејтан Себах.

Снимката меѓутоа наиде на критики на социјалните мрежи, а Себах се извини за својот гест.

Тој во саботата вечер се заблагодари на здравствените работници за нивната борба против коронавирусот, а сакал да го подигне духот на граѓаните со получасовни музички секции.

Меѓутоа, неговиот гест на добра волја, не го прифатиле сите добро, а полицијата му затропала на врата и му одржала лекција заради тоа што мала, но енергична група на луѓе почнала да игра под неговиот балкон.

– Полицијата рече дека музиката на балкон е многу добра идеја, но не вака, преопасно е, рекол Себах во едно телефонско интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот