Парижани масовно „бегаат“ во внатрешноста, локалните жители стравуваат дека ќе им го донесат вирусот (ФОТО/ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Дејли меил

Голем број на жители на Париз започнаа да го напуштаат градот со возови и автомобили, пред воведувањето на ограничувањето на движење како мерка за сузбивање на епидемијата на коронавирусот.

Ваквото однесување ги загрижи жителите на внатрешноста на Франција, и многумина стравуваат дека парижаните ќе им го „донесат“ коронавирусот и ќе го забрзаат неговото ширење, пишува „Блиц“.

Луѓето го напуштаат Париз. Франција, 15 март 2020. ФОТО:  EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Францускиот министер за здравство рече дека Владата нема намера да ги спречува луѓето да отпатуваат на други адреси, но додаде дека строгите огрничувања на јавниот живот ќе бидат на сила во во крајбрежните подрачја, како и во главниот град.

На париската железничка станица Гар ди нор, патниците, од кои многу носат маски, се собираат на пероните.

– Повеќе би сакале да престојуваме во отворено опкружение, со поголема ќуќа со двор, отколку во стан во Париз – рече новнарката Камил, која патува на северот на Франција со својата мајка и партнерот. Двајцата имаат можност за работа од дома.

Бројот на жртви од коронавирусот во Франција достгна 148, а има околу 6.600 заразени.

– Парижаните кои го напуштаат градот ќе ги заразат и провинциите, само за да бидат блокиран на отворено. Овој егзодус е незамислив, себичен и претставува темпирана бомба – напиша еден корисник на Твитер.

Претседателот Емануел Макрон вчера соопшти дека земјата е во „војна“ против коронавирусот и објави рестрикции без преседан во послевоена Франција.

Тој им нареди на граѓаните од денес попладне да останат дома и им рече дека можат да излегуваат само поради купување на намирници, заминување на работа ако е неопходно, вежбање или медицински интервенции.

Француската војска ќе биде мобилизирана за да помага во префрлање на болните во болница.

Помошник-министерот за сообраќај Жан-Баптис Жебери рече дека интензитетот на сообраќање на брзите возови ќе биде намален за да се сузбие заразата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот