Париз и Марсеј се прогласени за зони на ризик од коронавирусот

Париз и Марсеј се прогласени за зони на ризик од новиот коронавирус, откако властите регистрирале нагло зголемување на инфекциите, соопшти денеска директорот на француската здравствена служба, Жером Соломон.  Владата денеска издаде декрет со кој на властите им се дозволува да воведат построги мерки на подрачјето на Париз и Марсеј.

Тој предупреди дека „ситуацијата во земјата се влошува од недела во недела”.

Саломон изјави дека кластерите на вирусот се појавуваат секој ден по семејни собири, големи забави и други собири за време на летните одмори.

Националната здравствена агенција вчера регистрираше 2.669 нови заразени, со што стапката на инфекција во Франција на100.000 лица е над 30.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот