Париз гореше по поразот на ПСЖ: Кражби, тепачки, стотици уапсени… (ВИДЕО)

epa08621312 Paris Saint-Germain supporters cheer outside Le Parc des Princes stadium before the UEFA Champions League final match between Bayern Munich and Paris Saint-Germain in Paris, France, 23 August 2020. EPA-EFE/Mohammed Badra

На улиците во францускиот град избија големи нереди по поразот на ПСЖ од Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите.

За да се спречат поголеми инциденти мораа да интервенираат специјалните полициски сили и да приведат дури 83 лица кои учествуваа во нередите, кражбите и тепачките на Елисејските полиња.

Гневните навивачи по поразот на нивниот тим почнаа да палат и да превртуваат автомобили, контејнери, а голем број на излозите од продавниците беа искршени и ограбени, што доведе до тепачка со полицијата која се обидуваше да ја смири состојбата. За да ги растера хулиганите, полицијата мораше да користи и солзавец.

 

 


Инаку, навивачите на ПСЖ неколку часа пред натпреварот почнаа да сеобираат на улиците на Париз иако на сила се мерките за забрана на собири со поголем број луѓе поради пандемијата на коронавирусот.
Откако заврши натпреварот, гневните навивачи кои очекуваа нивниот тим по прв пат да триумфира во елитното натпреварување, почнаа со инцидентите.

– Бесен сум. Промашивме толку многу шанси, а такво нешто не е дозволено во финалето – изјави навивачот на ПСЖ, Николас Муние по излегувањето од стадиот „Паркот на принцевите“, каде неколку илјади навивачи го гледаа финалето кое се играше во Лисабон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот