Париз ги повика Ереван и Баку на прекин на непријателствата
Франција денеска ги повика Ерменија и Азербејџан да ги прекинат своите непријателства во регионот Нагорно Карабах и веднаш да го продолжат дијалогот.
Британските медиуми јавија дека утрово избувнале нови судири меѓу Ерменија и Азербејџан, а Ерменија веднаш го активирала законот за војна и го мобилизирала машкото население.
-Франција е крајно загрижена за оваа конфронтација, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Франција, Агнес Бон дер Мил, чија земја, заедно со САД и Русија, е претседател на Минската група, медијаторот меѓу Ерменија и Азербејџан.
Ерменија го обвини Азербејџан за извршениот воздушен и артилериски напад врз Нагорно Карабах, додека Азербејџан тврди дека станува збор за одговор на напад со граната од Ерменија, пренесуваат британските медиуми.