ПАРИТЕ ПРЕД ЗДРАВЈЕТО: Премиер лигата за да не ги загуби милијардите од ТВ правата ќе се игра во турбо ритам

Челниците на Премиер лигата подготвија радикален план да се доигра сезоната, но и да не останат без милијардите од ТВ првата, и тој ќе им биде презентиран на екипите на утрешниот состанок.

Предлогот на водечките луѓе од Премиер лигата е радикален, но не за да се спаси сезоната, туку да се спасат парите кои треба да се слеат во нивната каса.

Имено, тие не сакаат да го загубат договорот тежок дури три милијарди фунти, па поради тоа, за нив откажување на сезоната не е опција.

Челниците на лигата на утрешниот состанок со премиерлигашите ќе предложат да се одиграат сите 92 натпревари до крајот на сезоната и сите тие би биле пренесувале на телевизија. Натпреварите би се играле без публика тоа на секои три дена и на само неколку стадиони.

Како градови каде би се играле преостанатите натпревари од Премиер лигата, се споменуваат Бирмингем, Лестер и Стоук, бидејќи доколку се игра на помал број терени, помалку луѓе би биле вклучени во организацијата со што ризокот по здравјето за фудбалерите би бил помал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот