Парите од еврообврзницата деновиве „ќе бидат оперативни“, можен е и нов ребаланс во иднина и ново задолжување (ВИДЕО)

Деновиве се очекува да легнат 700 милиони евра на контото на НБРМ. Со каква динамика ќе бидат исплаќани и може ли буџетот да го издржи товарот на субвенционирање на платите и другите социјални давачки.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Павле Гацов, советник на министерката за финансии Нина Ангеловска, кој ја потврди информацијата дека работата е завршена и оваа „масивна сума“ се очекува да биде префрлена на сметката на државава.

НАПЛАТА НА ДДВ

На почетокот од кризата во првата изјава беше кажана една поголема стапка на пад на ДДВ, но беше дообјаснето дека се работи за голем износ на поврат што се наплатува и потоа се враќа каде што некој имал повеќе платено. Со ова бројките испадна дека не се толку драматични. Сепак бројките не се сјајни. Тие паѓаат. ДДВ 4 месец има послаба наплата. Интересен ќе биде месец мај и јуни за да видиме дали трендот ќе се исправи или ќе продлжи падот. Мое мислење е дека ќе се вратиме на некои пониски наплати но не со таков стрмен пад. Кај исплатата на придонесите рамна е линијата и падот е многу минимален.

Прочитајте и...  ДВ: ЕУ треба да ги прекине пристапните преговори со Србија сѐ додека на власт е Вучиќ

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИРМИТЕ И КОМПАНИИТЕ

Добивате толку субвенции колку што имате вработени – една добра мерка се направи што се даде шанса ретроактивно да се поврати дел од вработените, така што оние кои ги користат мерките за субвенционирање на придонесите не можат да ги отпуштаат работниците до месец јули. Вака државата успеа да го заштити работното место на работниците.

МАНИПУЛАЦИИ ОКОЛУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕТО

-Парите не легнуваат ниту кај газдите, ниту кај вработените, туку легнуваат на сметките на фирмите. Линкот е во делот каде што државата вели внимавајте парите ви ги даваме субвенциите но вработените мора да останат на работа.

КОВИД-19 И ЕКОНОМИЈАТА

Многу важно е сега да се внимава на заштитата од болеста, бидејќи ништо не сме направиле и падот ќе биде драстично посериозен од ова што го имавме до сега.

Прочитајте и...  Хрватската опозиција одби консултации со Пленковиќ

Враќањето на економијата во периодот што следи ќе биде многу тешка задача. Да немам илузии – ние сега трошиме ама авансно за иднината позајмуваме затоа што очекуваме да го препродиме ова и засилиме економскиот раст. Со која динамика и колку пак зависи од растот и дали ќе се повратат економиите. Товарот за враќањето секако ќе падне на грбот на граѓаните и компаниите. Мерките кои ги носи владата се слични или исти како и во целиот свет. Нормално е дека овие мерки би биле во иднина предмет на ревизија. Можен е и нов ребаланс во иднина, па и ново задолжување, изјави Гацов.

 

Прочитај повеќе

Медицинска сестра од Чиле се грижи за болните од ковид-19: После смената свири на виолина низ ходниците (ВИДЕО)

Слободен печат

Судот ја одби кауцијата за поранешната девојка на педофилот Епстин

Слободен печат

Американска компанија кон крајот на месецов ќе тестира вакцина врз луѓе

Слободен печат

Во Дебар досега направени над 1.100 тестови, позитивни 153 лица

Слободен печат

Португалската полиција пребарува бунари: Се сомневаат дека педофилот Брукнер таму ја фрлил Медлин Мекен

Слободен печат

На грчка граница се продаваат лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Медицинска сестра која го победи коронавирусот даруваше крвна плазма

Слободен печат

Во Албанија заштитна маска задолжителна во затворени простории

МИА Агенција

„Ја кријат вистината како за Чернобил“: Американци тврдат дека научници од Вухан пребегале на Запад и ги откриваат мрачните тајни за коронавирусот

Слободен печат

ДИК: Од категоријата болни и немоќни лица гласале 7861 гласачи (ВИДЕО)

Слободен печат

Куомо: Уште четири сојузни држави на карантинската листа на Њујорк

Слободен печат

По вториот ден од сослушувањето, Хашим Тачи без зборови излезе од судот во Хаг

Слободен печат