Парите го вртат светот: Лигата на шампионите со повеќе натпревари во иднина

Челниците на најголемите фудбалски екипи разговараат за евентуалната реформа во Лигата на шампионите, со што би се играле повеќе натпревари, а заработката би била поголема.

Комисијата на УЕФА за клупски натпреварувања се подготвува за големи реформи во најелитното фудбалско натпреварување, Лигата на шампионите.

Според весникот „Тајмс“ од 2024 година би требало да се играат дополнителни четири кола во Лигата на шампионите, но засега не се знае како тоа би се реализирало, а Комисијата на УЕФА и челниците на најголемите фудбалски екипи веќе преговараат за реформирање на елитното натпреварување кое би имало повеќе натпревари, но и повеќе пари за екипите.

Моментно 32 екипи се распоредени во осум групи со по четири тима, и најдобрите две екипи од секоја група ги продолжуваат настапите во осминафиналето. Засега се разгледуваат само две опции.

Едната е во групната фаза да играат 36 екипи и тие да бидат распоредени во шест групи, што значат 10 натпревари во групната фаза.

– Веќе разговаравме за моделот од 36 екипи. Мислам дека тоа е прифатлив компромис. Тој предлог беше во согласност со желбите на сите да имаме повеќе натпревари, а се надевам дека тој формат би ни донел и повеќе приходи – изјави Фернандо Каро, претседателот на Баер Леверкузен.

Во таков случај во елиминациската фаза би се пласирале најдобрите две екипи од секоја група и четири најдобротретопласирани екипи.

– Не ми се допаѓа тоа што две третопласирани екипи би останале со празни раце само поради тоа што завршиле во тешка група. Поради тоа, јас сум заговорник ЛШ да има 32 екипи и да остане актуелнот формат. Не треба да се менува нешто што функционира одлично, и со ова сме согласни сите екипи од Бундеслигата – додава Каро.

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели има поинаков предлог, 32 екипи да бидат распоредени во четири групи со што би се играле дури 14 кола во групната фаза, а пласман во следната рунда би обезбедиле најдобрите четири екипи од двете групи.

– Тој не знае како би требало да се воведат новите натпревари. Двата тима кои би се пласирале во финалето, ќе мора да одиграат 21 натпревари. Ако во првите четири кола имаме четири победи, сигурно е дека би обезбедиле пласман во следнара рунда, а не треба да бидете филозоф за да сфатите дека остатокот од групната фаза би бил многу досаден – вели Карл-Хајнц Румениге, првиот човек на Баерн Минхен.

Доколку ЛШ остане со 32 екипи, тогаш во игра е и да се врати системот кој функционираше од 1999 до 2003 година. Тогаш по групната фаза, следеше нова групна фаза во која имаше четири групи со по четири екипи, а пласман во ќетвртфиналето би обезбедиле најдобрите две екипи од секоја група.

Асоцијацијата на европски клубови (ЕЦА) чиј претседател е Ањели, не успеа да собере доволен број на гласови за да може Лигата на шампионите да ја направи полузатворена. Идејата на Ањели беше 24 екипи да имаат загарантирано место во ЛШ без разлика на пласманот во домашните натпреварувања.
– Идејата за речиси затворена лига нема да заживее – тврди Каро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот