ПАРИСКИТЕ МЕДИУМИ ТВРДАТ: Генералот задолжен за обнова на Нотр Дам имал месечен надоместок од 14.000 евра

Кога прв пат по повеќе од два векови нема да се одржи Божиќната миса во париската катедрала Нотр Дам, неделникот „Канар аншене” пишува дека поранешниот началник на генералштабот на француската армија, надлежен за надгледување на реконструкцијата на опожарената катедрала побарал од Владата месечен надоместок од 14000 евра, тој тоа го демантира, јавува дописникот на МИА.

Според неговите блиски, Жан-Луи Жеоржелен не побарал ништо од владата која треба да го утврди надоместокот.

Колку треба да биде платен претседателот на јавна установа, особено за толку многу престижна мисија како таа за обнова на Нотр Дам де Париз по пожарот на 15 април е прашањето кое го поставува сатиричмиот неделник и според неговото најново издание, генералот Жеоржелен, назнчаен од Емануел Макрон да го надгледува работењето на консолидацијата и реконструкцијата, „побарал бруто плата од 14.000 евра месечно”.

Неделниот весник нагласува дека овој надоместок би требало да биде додаден на неговата пензија, која изнесува од прилика над 5000 евра.

Во опкружувањето на Жан-Луи Жеоржелен, информациите објавени од неделникот беа категорично демантирани. Според нив, генералот никогаш не „барал” таков третман. Написот во „Канар аншене” не го кажува ниту можното ниво за надомест на неговиот претседател, ниту начинот на кој ќе се направи тоа “. Платата е утврдена „во согласност со регулаторната рамка” од страна на владата, исто така се потсетување дека „за време на првиот одбор на директори”, Жан-Луис Жеоржелен се обврза да управува со јавниот естаблишмент на „примерен и транспарентен” начин.

Основано во декември, со јавното претпријатие претседава поранешниот началник на генералштабот на француската армија, кој е помоган Филип Јост, како заменик-генерален директор. Тие се одговорни за четириесет лица. Управниот одбор, покрај генералот, вклучува дванаесет члена: шест што ја претставуваат државата, вклучувајќи го и префектот на Ил де Франс, градоначалникот на Париз, надбискупот на Париз, претставник на персоналот и трите „квалификувани личности “: Кристин Албанел, поранешен министер за култура, Бруно Расин, поранешен претседател на Националната библиотека на Франција и Центарот Помпиду и Жан-Пјер Вајс, поранешен директор на јавната установае на Палатата на правдата на Париз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот